Друштво на ликовни уметници на Македонија – DLUM утре (петок, 6 март) во 20 часот ќе ја отвори изложбата „ДЛУМ нова генерација на млади“. Делата се поставени во Уметничкиот центар АРТ ХАБ , ГТЦ, 2 спрат, локал 306.
На изложбата учество ќе земат: Александар Зафировски, Бојан Ковски, Владимир Здравевски, Ѓорги Динев, Дарко Кешќец, Ива Станковски, Кристијан Јованоски, Марко Вујисиќ, Стефан Младеновски, Филип Цакоски, Ана Спасова, Ана Трајковска, Игор Таневски, Виктор Семенпеев и Зуљеха Зибери Али.