Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов, беше прикажан на еден од најголемите и најпрестижни фестивали во регионот, филмскиот фестивал во Пула, Хрватска.
На 60-тото издание на фестивалот филмот во прекрасната Пулска Арена беше прикажан во секцијата „ЏГАН“ како единствен селектиран филм од целиот регион, информираат продуцентите на филмот.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм.
Филмот „Џган“ досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот.