Шекспир фестивал во Битола

Во рамките на Бит-Фест 2013 во Битола ќе се одржи првото издание на интернационалниот Битола Шекспир фестивал.

Од 19 до 25 јули во рамките на фестивалот ќе се одиграат театарските претстави: „Ромео и Јулија“, заеднички проект на Народен театар – Битола, театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Русија, Македонската опера и балет и фестивалот „Охридско лето“, „Бура“ на Lit Moon Theatre Company California од САД, „Хенри VI“ – прв дел на Српско народно позориште, „Хенри VI“ втор дел на Националниот Театар Тирана, Албанија, „Ричард III“ на Националниот театар Пекинг, Кина, „Кралот Лир“ на Wild and Vogel театарска компанија со луѓе и кукли од Лајпциг, Германија, „Отело“ на Dood Paard, театарска компанија од Амстердам, Холандија, „Магбет“ на Мини театар од Љубљана.

You May Also Like