Универзална сала во „ново руво“

Владата најави целосна реконструкција и доградба на Универзалната сала во Скопје. Објектот заради автентичност ќе го задржи надворешниот изглед, ќе бидат реконструирани и засилени челичната и бетонската конструкција,а салата ќе добие и најсовремена аудио и видео опрема.

Новата конструкција на Универзална ќе биде од најсовремени енергетско-ефикасни материјали. Комплетно ќе се обноват сите инсталации и ќе се изградат нови системи за климатизација и греење. Целосно ќе биде реновиран комплетниот ентериер. Ќе се обезбеди нова и најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување на секаков вид настани. Проектот опфаќа и изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1500 места, и изградба на нова помала сала со капацитет од 100 места, како и нов простор за техника. Ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа на потегот под платото кое води кон булеварот. Ентериерот ќе биде модерен, ќе се воведе посебен проект за акустика со што значително ќе се подобрат можностите на објектот, но и условите за изведувачите -истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Проектите за реконструкција и изградба на објектот се обезбедени со учество и на Градежниот факултет.

По добивање на одобрението од општина Центар, ќе биде објавена и распишана постапка за избор на изведувач за што ќе се примени електронска аукција или транспарентно наддавање по светски стандарди.

За целосната реконструкцаија на еден од најпрепознатливите објекти во Скопје Владата ќе издвои 400 милиони денари од буџетски извори,кои ќе бидат сервисирани во повеќе буџетски години.

Новиот објект на Универзалната сала е предвидено да биде изграден во период не подолг од 18 месеци од почетокот на градбата, однсоно од крајот на оваа или почетокот на следната година.

———————–

Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, започна изградбата на Универзална Сала, како трајно одбележување на хуманата акција на дарителите од странство.
Во изградбата, со значајна материјална (финансиска) помош учествуваа повеќе од 35 држави од светот, со чии средства е купен монтажниот објект „Универзална сала“ од бугарската компанија „Техноекспортстрој“. Договорот за купопродажба на објектот за сала со капацитет од 1.800 седишта е потпишан на 11 јули 1964 година во Софија.

Официјално Универзална Сала започна со работа на 01 јануари 1966 година.

 

You May Also Like