Романот „Резервен живот“ на Лидија Димковска кој ја доби наградата на Европската унија за литература за 2013, ќе биде објавен во неколку европски земји …
Романот „Резервен живот“ на Лидија Димковска, кој ја доби наградата на Европската унија за литература за 2013, ќе биде објавен во Италија, Чешка, Бугарија, Словенија, Унгарија и Летонија, соопшти „Или-Или“. Во Летонија ќе биде објавен и првиот роман на Димковска – „Скриена камера“.
– Интересно е што во речиси сите споменати земји за романот „Резервен живот“ од Димковска беа заинтересаирани повеќе издавачи. Преводите им се доверени на сериозни преведувачи од македонски јазик. Се очекува романот да биде објавен и на други јазици во светот. Поголем извадок од романот излезе на германски јазик во реномираното австриско списание за литература „Манускрипте“, а наскоро извадок од романот ќе биде објавен и во САД, соопшти „Или-или“, кој во 2012 ја објави книгата на Димковска.
Издавачот наведува дека од останатите добитници на наградата на ЕУ за литература за 2013 година, Димковска е меѓу авторите со најголем број потпишани договори со странски издавачи за објавување на наградениот роман.
„Резервен живот“ од неодамна има второ издание. Покрај наградата на ЕУ, романот лани ја доби и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.