Книжевен конкурс за необјавени творби

Издавачката куќа ФЕНИКС И Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје, во пресрет на априлскиот Меѓународен саем на книгата во Скопје и 22 години постоење на Феникс распишуваат Конкурс за необјавени творби од следниве пет книжевни жанрови: поезија, проза, критика, есеј и драма.

Од Феникс информираат „На Конкурсот може да учествуваат творци од сите генерации со творби на теми по слободен избор, што значи дека нема никакви генерациски и тематски ограничувања.
На Конкурсот треба да се испратат: 10 песни, 5 раскази, 5 критики, 5 есеи, 3 кратки драми (монодрами или дуодрами), еден краток роман (од 50-100 страници).
Жири комисија ќе ги разгледа сите пристигнати трудови и најдобрите ќе ги селектира И објави во изданието АНТОЛОГИЈА НА (НАЈ)НОВОТО.
Рокот за испраќање на материјалите е до 15 април, а творбите треба да се испраќаат во електронска форма на следниов мејл: feniksmk@hotmail.com

You May Also Like