Утре (21 ноември, среда) во 12:00 часот во МКЦ, во рамките на Синедејс ќе се одржи промоција на шестата книга на м-р Кузман Кузмановски „Филмски есеи“ во издание на Менора.
„Збирката филмски есеи од Кузман Кузмановски претставува есенцијално четиво со високи естетски вредности од повеќе аспекти. Овој труд произлегува како композитен амалгам од неговиот талент за пишување (пет книги) и стручната надградба од областа на филмот, филмологијата и филмската естетика, знаења кои авторот ги стекнува како магистер на најпрестижната установа за филмската уметност во Република Македонија, Факултетот за драмски уметности ФДУ “.
Промотор ќе биде Благоја Куновски.
Книгата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.