Промоција на „Писма“ од Славица Гаџова

Утре (петок, 28 септември, 2012 година) во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана поетската збирка „ Писма“ на Славица Гаџова . Промоцијата е со почеток во 20:00 во Горно фоаје на Киното „Фросина“.

„Писма “ е во издание на ПНВ Публикации , поделена во четирициклуси, насловени „Југ-Север“, „Тело“, „Празнина“ и „Писма“.

За неа Никола Маџиров ќе рече : „ Поетската збирка „Писма “ на Славица Гаџова е адреса на која пристигнуваат коверти од допирливите светови на ангелското и телесното, адреса од која се испраќаат писма до оние гласови  кои го отелотвориле ехото на светското книжевно писмо – Пруст, Кафка , Кортасар, Ниче, Фоулс,Мураками “…

„Оригиналниот поетски светоглед на Славица Гаџова заслужува посебно внимание бидејќи, на крајот на краиштата фрла и нова светлина и внесува нова енергија  во мапата на помладата поезија што се создава во последниве години во Р.Македонија“. – Звонко Танески

Промотори  ќе бидат : Александра Јуруковска , Марина Мијаковска и Звонко Таневски.

Писмата ќе ги читаат поетите Ѓоко Здравески и Елена Пренџова, пропратени со музичка подлога на акустичната гитара на Владимир Ботев .

——————————–
Славица Гаџова е магистер по филолошки науки, визитинг истражувач на Универзитетот Константин Филозоф во Нитра, Р.Словачка. Добитник на неколку книжевни награди : Блаже Конески – награда за есеј на Филолошкиот  факултет во Скопје(2005), , награда за краток расказ на Нова Мекедонија ( 2008), „ Енхалон“ , награда за најдобра  песна на Ноќите без интерпункција  на Струшки вечери на поезијата за песната „Писмо 12 “.

You May Also Like