Охридски староградски средби

Утре (петок, 28 септември, 2012 година) во Охрид се одржуваат 24-те по ред Охридски староградски средби. На нив ќе настапат 10-ина вокални анасмбли и пејачки групи од Охрид, Струга, Штип, Прилеп, Гевгелија и Скопје.

Фестивалот започнува со дефиле на учесниците низ охридската чаршија и настап на две локациии – Кај Стариот чинар и на Градскиот плоштад.

Целовечерниот концерт и главните настапи на учесниците ќе се одржат во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Охридската песна ќе ја претстават хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“, ансамблот „Билјана“ и групата „Распеани охриѓанки“.

Манифестација првпат се одржа во 1974 година и непрекинато се одржуваше се до 1994 година. По неколкогодишен прекин Охридските староградски средби беа обновени во 2008, благодарение на поддршката на Министерството за култура.

You May Also Like