Кога во 1919 година во Германија, Рудолф Штајнер, на фабриката за цигари Валдорф-Асторија им предлага да отворат мало училиште за децата на работиниците, едвај некој можел да предвиди, дека после неколку децении, Валдорфската педагогија ќе ги освои срцата на милиони родители, учители и деца од цел свет.
Тогашната традиционална религија е против таа идеа… Образованите луѓе исто се против, ненаучното и алтернативно образование, кое пак е основа на Валдорфската филозофија. А родителите биле загрижени, дека нивното дете нема да може да се адаптира кон стандардното училиште, ако завршило Валдорфска детска градинка. Веројатно не постои друга образовна форма, за која се испишани толку многу контраверзии.
Што е Валдорфска педагогија?
Европа, во почетокот на 20 век доживеала големи социјални конфликти- војни, револуции, глад, длабоки економски кризи… Многу филозофи, од тоа време (меѓу кои и Германскиот филозоф Фридрих Ниче), забележале дека една од основните причини, за овие општествени непогоди, е непостоењето на образовен систем, кој одговарал на условите и потребите на тоа време. Децата од сиромашните смејства можеле да учат само во т.нар. народни училишта, каде добивале нај елементарни познавања…Во класичните гимназии, најмногу внимание се посветувало на учење на латинскиот, грчкиот и хумани дисциплини. Програмата тогаш била многу тешка, децата требало да се трудат многу, да поседуваат одлична способност да паметат. Но во основа тие не учеле ништо, од кое имале корист во реалниот живот.
Рудолф Штајнер и неговите следбеници, решиле да го променат тоа радикално образование и да создадат таков метод, кој ќе комбинира знаења за светот, естетиката и практичните способности. Уште со откривањето на првото училиште, биле вклучени деца од различни социјални слоеви. За тоа време, рушењето на дискриминацијата од материјален карактер, било невозможно.
Принципи на Валдорфската педагогија
Уште од самиот почеток, таа е насочена кон личноста на детето, независно од неговиот интелект и возраст, затоа ја нарекуваат и “Педагогија на еднаквите можности“.
–Детството е претставено како уникатен и единствен период од животот на човекот. Со тек на годините, се сметало дека детето е „недоделкан возрасен“, кој треба да се доусовршува. Кај Валдорфската педагогија, родителите и учителите не се стремат да го претворат детето во возрасен, туку се залагаат да му го продолжат детството, да го откријат и развијат неговиот творечки потенцијал.
Валдорфската педагогија е против раниот развој на интелектот. Учењето да се пишува и чита, тука започнува покасно, а предметите како апстрактни дисциплини, кога детето го формира својот емоционален свет. Тоа е обично време, кога се менуваат млечните заби, кое е многу покасно во споредба со други образовни системи. Од друга страна, тие што завршиле Валдорфско училиште се запишуваат на универзитети и се реализираат успешно, како одлични специјалисти.
Валдорфска Градинка, „За“ или „Против“
Пред се треба да знаете дека самите деца ја посетуваат со задоволство, зошто главниот принцип тука е- ништо не е на сила. Децата сами си одбираат кои игри ќе ги играат, а ако воспитувачката организира некоја игра, секое дете има право да се откаже ако не му се допаѓа. Но во пракса, сите деца ги играат предвидените игри…
Валдорфската детска градинка, е група од деца со различни возрасти. Така малите учат на природен пат од возрасните, додека им помагаат…како на пример, учат како да се облечат сами, како да цртаат и сл…исто како да се дома. А учителката ја има улогата на втора мајка, домаќинка, која готви, средува, шие кукли, си игра со децата, им раскажува приказни и сл. Така децата многу полесно се адаптираат кон колективниот живот.
Големо внимание се посветува на рачните изработки – сите деца, независно дали се момчиња или девојчиња, се учат да шијат, плетат, ткаат, учат да разликуваат различни материјали, работат со дрво и глина. Постојат многу интересни активности поврзани со уметноста, игри со распознавање бои, преку кои децата пронаоѓаат свои креативни идеи, а не како во класичните градинки, каде се копираат дадени шаблони. Главно се користат три бои- црвена, жолта и сина, а децата со помош на нив сами си прават други бои од трите основни.
Посебни часови за музичко во Валдорфската градинка нема, но секојдневно се одвиваат следните игри- слободно движење со музика, пеење, рецитирање на песнички… освен тоа, кога учителката раскажува приказни, таа зборува придружена со некој музички инструмент-флејта и сл…Овие инструменти, се на достапно место за секое дете, кое сака да ги проба, секогаш може да ги земе.
Ако градинката има двор, секој може да си посади цвеќе, компир, домат, краставица, цвекло, пченица и сл…и после да ја одгледува и порасне сам и на крај да ја приготви. Во дворот обично живее најмалку една коза или јагне, така децата имаат можност да научат многу за тоа од каде доаѓа млекото,со што се хранат домашните животни…
Во Валдрофската градинка се празнуваат многу празници, но не само традиционални и религиозни, туку и измислени, на пример – празник на жетвата, а во ноември кога деновите се кратки, се празнува денот на фенерчето, за време на кој, децата изработуваат фенери со запалени свеќи и со песни го бараат загубеното царство на троловите.
Со голема радост се празнуваат и детските родендени, идејата е да се избега од стандардното- само торта или слатки. За време на роденденска прослава, се рецитираат песни, се пее, се подаруваат рачни изработени подароци, направени од самите деца. Досега, оваа градинка изгледа како изеална средина за развој на детето… но, не е се така едноставно.
Во Валдорфската детска градина, детето не се занимава со читање, пишување и броење, т.е. ја одминува уникатната вораст кога најлесно усвојува знаење. Без тоа знаење, ќе се адаптира потешко во стандардното училиште. Затоа родителите дополнително можат да се занимаваат со детето или да посетува курс. Но проблемот е што, во Валдорфската детска градинка, не се дозволува никакви странични извори на едукација. Ако тоа го практикувате, детето ќе живее во два паралелни различни како вредности, светови.
Што се однесува до играчките , тие тука се различни- изработени се рачно, претежно кукли од природен материјал и не се украсени. Забранети се куклите барбики и играчки слични на покемон, разни колички, готови фабрички играчки… Детето треба да си игра само со рачно изработени, уникатни играчки кои ја развиваат фантазијата и способноста да конструира.
Друг голем недостаток се смета дека е читањето. Во В. Градинките учителите секојдневно раскажуваат приказни придружени со киклени представи. Проблемот е што се ограничени само на волшебни приказни од браќата Грим, легенди од животот на средновековните рицари или германски митолошки приказни.
Подготвил: Л.Ѓ.