Поетесата Марина Мијаковска ќе учествува на вториот Горноградски книжевен фестивал во Загреб, што ќе се одржи од 4 до 6 октомври.
Фестивалот е организиран од страна на познатиот хрватски писател Маријан Гракалиќ. Мијаковска ќе биде застапена со два раскази од книгата „Куќички” кои се објавени на хрватски јазик во Зборникот на вториот Горноградски фестивал.
На фестивалот ќе учествуваат седумдесетина автори од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, а Марина Мијаковска е избрана како претставник од Македонија. Песната „Зачини” е од нејзината трета збирка поезија „Психоаналитичка алхемија од страсти”, за која ја доби наградата „Ацо Караманов” во 2013 година. За збирката раскази „Куќички” ја доби наградата „Крсте Чачански” за 2014 година.
Наскоро збирката „Куќички“ ќе биде промовирана и во Скопје.