Повик за илустратор на книга за деца

Издавачката куќа за деца и млади „Вермилион“ бара илустратор/уметник за илустрација на корица и 20 помали внатрешни илустрации за книга за деца.

Внатрешните илустрации треба да бидат црно-бели, a илустрацијата за корицата во боја.

Заинтересираните илустратори треба да испратат најмногу три (3) оригинални илустрации по е-пошта во JPG формат на vermilion.books@gmail.com со назнака: КОНКУРС ЗА ИЛУСТРАЦИЈА

Краен рок за пријавување: 1 септември 2012

Избраниот илустратор ќе добие награда од 10.000 денари. Името на илустраторот ќе биде објавено во книгата, а по желба ќе има можност за изложба во склоп на промоцијата на книгата.

Илустрациите треба да се достават во JPG формат, не поголеми од 1 MB, со резолуција не поголема од 100 dpi. Илустрациите мора да бидат означени на следниот начин: ПРЕЗИМЕ_ИМЕ_1.JPG, ПРЕЗИМЕ_ИМЕ_2.JPG, ПРЕЗИМЕ_ИМЕ_3.JPG

You May Also Like