Скопско лето: перформанс „Топење“ и концерт на турски музичари

Перформансот “Топење” на Борис Петровски ќе биде изведен вечер (сабота, 30 јуни) на  Плоштадот Македонија, во 21 часот.

„Топење“ претставува симулација на еден од проблемите од глобалното затоплување – топењето на глечерите. Целта на Петровски  е да потсети за одговорностa што треба да ја имаме пред природата.

Петровски дипломирал на скопскиот Факултет за ликовни уметности на одделот за скулптура и графички дизајн. Реализирал пет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни претставувања во земјава и во странство.

Терминот во 20:30 часот, пак, е резервиран за концерт на музичари од Турција, што ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности. Публиката ќе може да ужива во настапот на познатите Ширин Панџароглу и Мерич Донук на харфа, Зохар Фреско на удиралки и вокалот Мирчан Каја.

You May Also Like