Самостојна изложба на Светлана Солодовникова (Русија) „Моќта на животот“ утревечер (четврток, 26 јули) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Воведниот збор ќе го има Олга Панкина, претседател на РОО „Македонски културен центар во Москва“, а промотори на истата ќе бидат Каролина Мицевски – новинар и Тони Чатлески – уметник, сликар и директор на ЦК „Марко Цепенков“.
Промоцијата ќе се одржи на 26 јули 2012 година (четврток) во просториите на Библиотеката, со почеток во 19:00 часот