Проект „Музејот – пријател на децата“

НУ Музеј на македонската борба – Скопје го почнува проектот „Музејот – пријател на децата“. Со овој проект се предвидува одржување ликовни работилници во просториите на Музејот, каде ученици од ликовните и од историските секции од основните училишта од градот ќе ги сликаат оние работи од музејската поставка што им оставиле најголем впечаток.

Музејот ги поканува сите основни училишта од Скопје да земат учество во овие работилници. Сите учесници ќе добијат диплома и примерок од музејскиот каталог. На крајот од проектот ќе се одберат три најдобри цртежи за кои се предвидени награди. Проектот ќе го следат и студенти од Филозофскиот факултет, група историја, како дел од нивната практична настава по предметот Методика.

Музејот ќе обезбеди материјали за работилниците и освежување за учесниците.Проектот почнува на 2 октомври 2012 година, а се планира да трае до крајот на октомври. Повеќе информации на www.mmb.org.mk и на телефоните 02 3256667 и 02 3256668

 

You May Also Like