Хорското студио „Рустико“ и диригентот Запро Запров организираат голем концерт и изложба на 13 декември (четврток) 2012 година, со почеток во 19:30 часот во Македонската опера и балет.
Големиот концерт е одбележување на неколку значајни јубилеи: 45 години – детски хор „Развигорче“, 40 години -„Женски младински хор“, 35 години – детски хор „Изворче“ и 40 години уметничка дејност на проф. Запро Запров.
На концертот ќе му претходи и ликовна изложба, на која ќе бидат презентирани дела од богатиот ликовен опус на маестро Запро Запров.