УГД го одбележува Денот на македонските студенти

Универзитетот „Гоце Делчев“, веќе втора година,организира редица настани во чест на Денот на македонските студенти – 11 декември.

По овој повод, настаните имаат за цел, помеѓу другото, да ги потенцираат студентскиот активизам и хуманост, како и да го продискутираат нивото на квалитет на студентскиот живот во Македонија.

Агендата за одбележување на 11 декември, Денот на македонските студенти е следна:

 

11 декември 2012 година (вторник)

8 – 16 часот – Хуманитарна акција за собирање на облека и нивна донација на социјално загрозени семејства
11 часот – Предавање и промоција на програмите за мобилност на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ (Мултимедијален центар на УГД)
14.30 часот – Трибина на тема „Квалитетот на студентскиот живот во Македонија“ (предавална 1, Економски факултет)

13 декември 2012 година (четврток)

14 часот – Трибина во организација на СПУГД и Правен факултет при УГД на тема „Патот кон Европската унија“ (предавална 6, Економски факултет)
21.30 часот – Забава на „УГД ФМ“ (кафебар „Пијано“)

14 декември 2012 година (петок)

20 часот – Театарска претстава „Под масата“ – проект на Мултимедијалната академска камерна сцена (МАКС) на УГД

You May Also Like