Изложбата „Невини дијалози“ од Билјана Јовановска беше отворена вчера (четврток, 10 јануари) во Галеријата „Мерикон“ во Виена.
„Јовановска ќе се претстави со пејзажи и графики, деконструирани и повторно изградени, преку симплифицирање на мотивот, така што се постигнува ефект на преобразба на реалноста и ослободување од сите физички граници“, информираше Амбасадата на Македонија во Виена, која е соорганизатор на изложбата.
Јовановска магистрирала на Одделот за сликарство во класата на проф. Благоја Маневски, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Изложбата ја отвори амбасадорот во Австрија Ѓорѓи Филипов и ќе трае до 15 јануари