На денешен ден, 13 јули 1951 година, на Голи Оток, во таканаречената „болница на работилиштето – мермер“, умрел Панко Брашнаров, македонски национален деец.
Тој бил народен учител, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседател на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ.
Прв доверител за информации во првата привремена Влада на Македонија, најблизок соработник на Матодија Андонов – Ченто, еден од плејадата херои-маченици на Голи Оток.
Роден бил во Велес, на 9 август 1883 година.