На Археолошкиот локалитет Тумба Маџари, кој датира од VI милениум пред новата ера, се одржа манифестацијата „Големата Мајка“. Скулптурата „Големата Мајка“ претставува симбол и заштитничка на општина Гази Баба и градот Скопје, и е ископана токму на овој локалитет.
Општина Гази Баба традиционално по третти пат оваа година, преку манифестацијата го прославува и меѓународниот ден на мајката, нашата родилка, нашиот извор на постоење, која се одбележува во месец мај.
На манифестацијата присуствуваа, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, членовите на Советот на Општина Гази Баба и гости, а пред присутните накратко се обрати градоначалникот Тони Трајковски.
Со свои изведби се претставија членовите од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј„ квартетот Пламенка Трајковска и песни за мајката читаа, Петко Костовски и Жаклина Ангелеска. За време на манифестацијата учениците од основните училишта, Наум Наумовски-Борче, Дане Крапчев, Крсте Мисирков и 25 Мај, твореа ликовни творби од кои подоцна направија мини изложба.