Закажана премиерата на новиот Lion King

Компанијата Дизни сними уште една преработка на своја класика, цртаниот од 1990-те, „Кралот лав“ (Lion King).

Новиот филм е исто така делумно анимиран, компјутерски, но сето тоа сега изгледа многу пореалистично.

Гласовите ќе ги позајмат Доналд Гловер (како главниот лик Симба), Бијонсе (мајката лавица), Били Ајхнер (мунгосот Тимон), Сет Роген (дивото прасе Пумба) и препознатливиот Џејмс Ерл Џоунс како главниот антагонист – злобниот лав Муфаса.

Проектот е во постпродукција, а премиерата е закажана за 19 јули 2019 година.

You May Also Like