Ненси Синатра, првата сопруга на починатиот легендарен пејач и актер Франк Синатра, почина во 101 година, објави нејзината ќерка.
– Мајка ми почина во спиење во петокот вечер, објави Ненси Синатра (78) на Твитер.
Нејзината мајка, по која го добила името, беше во брак 12 години со една од најголемите музички и актерски ѕвезди на 20. век.
Ненси и Френк имаа три деца. Тие се разведоа во 1951 година по серијата љубовни афери кои ги полнеа холивудските списанија. Десет дена по разводот на Ненси, Френк се оженил со актерката од Холивуд, Ава Гарднер. Но, Ненси и Френк останаа блиски до неговата смрт на 82-годишна возраст од срцев удар во 1998 година.
Таа повторно се омажила и живеела тивко во Беверли Хилс, работејќи за хуманитарни цели, објави „Њујорк тајмс“.