Калифорниски музеј ќе ги задржи спорните слики од Германската ренесанса

Судот за жалби во Калифорнија ја потврди одлуката на понискиот суд со што музејот Нортон Сајмон во Пасадена може да ги задржи двете спорни дела од Германската ренесанса, коишто нацистите ги заплениле во Втората светска војна.

Уметничките дела под наслов „Адам” и „Ева”, инаку масло на платно, се создадени 1530 година, а во музејот се наоѓаат со децении.

Мари фон Захер тврдеше дека овие слики се одземени од нејзиниот свекор, инаку холандски Евреин, кој се занимавал со трговија со уметнички дела. Tој за време на Холокаустот, побегнал од Холандија.

Музејот тврдеше дека правото на сликите го стекнал легално во 1970-те, од руски дисиденти.

Обласниот суд во 2016 година одлучи дeка музејот во Пасадена полага право на спорните слики, а Судот за жалби само ја потврди одлуката.

You May Also Like