Микеланџело повторно шокира со своите дела

Познатата фреска „Суден ден“ во Сикстинската капела, која ја насликал Микеланџело, всушност прикажува машки проститутки кои сликарот ги сретнувал во борделите и бањите за хомосексуалци, пренесува МИА.

Елена својата теорија ја објаснила во својата книга, каде тврди дека Микеланџело поголемиот дел од своето знаење за машката анатомија ја добил за време на честите посети на борделите за хомосексуалци и турските бањи во ренесансна Италија.

– Фигурите на личностите кои заминуваат во пеколот или рајот се инспирирани од силните машки тела кои Микеланџело ги гледал за време на своите посети на амамите кои многу добро се документирани. Таму заклучил дека градбата на мажот кој е под физички напор прикажува идеална физиологија, пишува во книгата на Лажарини.

Фреската која го прикажува Судниот ден, Микеланџело ја изработувал долги години. Таа го прикажува второто доаѓање на Исус Христос и Апокалипсата.

You May Also Like