Лечење со билки

Според македонски лечебник…
Од книгата „Македонски лечебник од 19 век“, приредил Драги Стефанија, Скопје 1985

Главобол
Аште кого боле глава најди спориш, свари лози, мешај ја тури и цели се.
Очебол
Кому играат очи да пиет божурово семе прет сонце 40 дена секи ден.
Од очобол кромит огули…
Ушебол
Аште боли уши од диви тикви корење у воду и шарлаган капи во уши.
Аште околу уше биде козја крв и маткино масло измешај и сипи во уво и глогово корење стуци и пи со вода и морачово корење и пи с вода и вино.
Ако бучи ухо стуци капиново лисје и вино мешај с мет и зејтин и згреј го и капи од гуска сало неслано, растопи и капи.
Од глухота од свина млеко и от бел кромит вода капни во ухото.
Кого го болит уво от гуска сало вари со кромит и сипи во уво болес таму.
Грло
Кого боли грло јачменов (?) прас со зејтин и наложи на грло, анте ли у грло меур зрно пелин столчи, изм,ешај итерак и пипер и ложи грло…
За меур у грло црн пелин столчи, полата смешај со тирак (штирак) и пипер и положи на грло…
От која буба (?) застопи козја лој, мажи по грлото и бршлен носи со себе харно е.
Забобол
Бел кромид и три зрна да кладеш у тула жешка у леген зави се арно да иде парата врз тебе.
От засип човеку лук и кромит со оцет да земат от кромит да пиет со мет да јадит.
Уста
Егда смрди уста копитјак свари с вино и држ трендафил сув, сожежи га, истрлај го како брашно.
Егда смрдливи заби трендафил сотри исип у заби.
Срце
Кој има болес на срце вари од манан (македан) корен со семето и густо како каша пие и да јаде.
Кому спаднало срце изгори от лоза трат, кади се.
Бодеж-дупеж
Од бодеш рен и лук и пипер и мет да измешаш каде го боли многу пати.
Стомак
Кој има на запорна жила меур земај на лозу и свари со вино и пи корен запор (?), истолчи го со вода.
Гради дишење, кашлање, задух
От кашлица мет и кромид пресечи и печи да јаде три пути по три на ден.
От задух бели лук и ракија измешај и свари и јади три дни навечер.
Жолтица
От жутица божур кому крви течат (проодамо?) растуци корен с вино да пие и негово семе три зрна растуци и дај человеку.
Краста
От краста секаква, бешланово лисје и бадемово масло и сол и вино пржи, лана у аван и солта с водата наедно мешај и мажи.

 

You May Also Like