Охрид на насловната на Bing.com

Промоцијата на Македонија продолжува во светски рамки. Пребарувачот на големиот Мајкрософт – Бинг, на својата корица стави слика од Охридското езеро и црквата Свети Јован Канео.

Насловната на Bing.com
Насловната на Bing.com

Бинг инаку, според индексирањето на alexa.com се наоѓа на 20-то место во светот, според бројот на посети. Македонија не можеше да добие поголема реклама од оваа. Овој пребарувач има околу 4 милиони уникатни посети дневно. Да се надеваме и да веруваме дека ова ќе придонесе за поголема посета на Охрид, и Македонија општо.

Кликнете ја сликата, за да ја видите во полна големина.

You May Also Like