Тој е долг околу три метри, тежи колку мало рибарско кајче, а храната што ја јаде секој ден е еднаква на тежината на две мали деца. “Dhyum the Dugong“, кој е главен херој во новата детска книга, сериозно размислува како да ги реши големите проблеми на кои наидува. Тој сака да ги научи луѓето, како да ги заштитат големите морски цицачи – морските крави или како што ги нарекуваат понекогаш сирени, слични на него.
Dhyum е дело на Австралискиот научник Мариана Фуентес, кој решила да направи илустрирана книга за деца, за да ги научи децата и нивните родители, како да се грижат за кравите, кои експертите ги сметаат за извор на митовите за морските сирени.
„Мислам дека додека ја читаат книгата, децата ќе можат да повлијаат на родителите, со тоа што го научиле. Родителите често ги слушаат своите деца повеќе од наставниците или научниците“ – вели Фуентес.
Морските крави се масивни водни животни, чија тежина достигнува до 500 кг. Населени се воглавно од Мадагаскар до Вануату, а на слобода можат да доживеат и до 70 години.
Фуентес, која е морски биолог во ARC централата за истражување на коралните гребени при универзитетот „Џејмс Кук“, во Квинсленд, поминала три години во проучување на морските крави пред да ја напиша книгата.
„Иако постојат многу начини да се дејствува, понекогаш друштвото не ја разбира смислата на проблемот, затоа решив дека детската книга ќе помогне“ – смета авторката.
Дом на Дајам, херојот од книгата, е протокот Торес, 35 000 квадратни километри од океанот меѓу Австралија и Папуа -Нова Гвинеја, кој поточно е дом на најголемото стадо морски крави во светот.
Книгата е наменета за деца од 7-8 годишна возраст. Убаво илустрираните страници и едноставниот јазик, раскажуваат како Дајам и неговите пријатели се забавуваат во океанот, се справуваат со многу опасности како загадување, плеткање во рибарски мрежи и гладуваат од прекумерно ловење на риба.
„Кравите имаат важна улога во еколошкиот систем. Основна активност им е да пасат од морската трева на дното во плитките води, кое го намалува ризикот алгите да доминираат во морската средина.Еден возрасен примерок може да изеде 30 килограми трева на ден“ – вели Фуентес.
Морските крави се важни и за културата на абориџините и тамошните островјани.
„Во Торес има многу културни протоколи кои треба да бидат следени. Еден од нив е дека на жените не им е дозволено да ловат крави. Многу е весело кога гледам како моите колеги се обидуваат да скокнат врз некоја крава и ја маркираат. Тоа е техника како родеото.“
Подготвил: Лазар Ѓорѓиевски