За оние кои бараат нов, поинаков моден детаљ, шпанскиот бренд „Лоиви“ ја нуди својата најнова кожена чанта во форма на слонче, како дел од колекцијата есен-зима 2018.
Чантата е изработена рачно од бела кожа и има црвени и сини линии, како и втиснат број 22, што пак, и дава спортски изглед.
Од дизајнот се забележливи и црн лакиран раб, полиран сребреникав патент и кожено ремче што се вади.
Цената изнесува 1.493 долари.