Второ издание на фестивалот “Ohrid Wine Festival”

Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија – Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”.

Од 22 до 24 јуни на Кејот Македонија, поточно на платото пред хотелот Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации.

По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и гастрономија, се очекува оваа година покрај домашните гости да се задоволат вкусовите на сите туристи кои во овој период ќе бидат присутни во Охрид.

Како познатата поговорка ” Во виното е вистината” посетете го овој уникатен настан за вистински се ужива во вкусот и традицијата на македонските вина и македонската храна.

Покровител на фестивалот е Општина Охрид, а истиот е организиран од Крафт Продукција.

You May Also Like