Голем успех на македонскот тим, учесници на првиот Music Tech Fest, кој викендот се одржа во Битола, како прв пандан настан на Music Tech Fest – Стохолм.
Битолските хакери Андреј Антуновиќ и Андреј Мицков кои како дел од мешаниот тим со хакери од САД и Шведска беа дел од Hackathon /Хакатон кој работеше на темата „Geographically Challenged Creativity – Remote Development Challenge“.
Уште еден тим и старт- ап, се собраа заедно за да го прошират производот и да му дадат можна иднина како хардверски и софтверски производ и јавна инсталација со развој на име TuneIN, така што луѓето од различни земји можат да Компонираат музика заедно.Тимот победи благодарение на иновативната идеа, успешната реализација.
Music Tech Fest за прв пат започна во Лондон 2012 и на едно место обединува: хакери, иноватори, страт-ап инкубатори, индустријата, музика…Целта е , развивање на нови софтверски и технолошки идеи, концепти и продукти и нивна имплементација во различни свери како музика, забава, индустрија, социјално претприемништво и др.
Битола е првиот град во светот кој го прифати овој предизвик и викендот организираше join event, Music Tech Fest, Bitola, Macedonia, што резултираше со победнички тим и признание од организаторите на Music Tech Fest- Стохолм, Овој успех јасно зборува за потенцијалот кој Битола и Македонија, го имаат како и можностите кои се отвораат доколку ваквите настани се поддржат.
Настанот Music Tech Fest, Bitola-Macedonia, беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и компанијата KROMBERG & SCHUBERT.