Incognita – македонска раперка која се промовира на американската сцена

Рап и трап културата во Македонија, впрочем и во светот,е во подем. Новите генерации денес имаат поголема пристап до бројни „маалски“ студија, па креирањето музика е тренд на секој тинејџер. Колку квалитет поизлегува не коментираме, тоа е сосем друг муабет.

 

Сепак, тука сме да промовираме и нешто издажано, нов артист што носи свежина, и го имаат IT факторот. Ви претставуваме еден необичен артист што настапува под псевдоним и е на пик на интернационална кариера. Се работи за млада девојка со потекло од Македонија, која што живее во Соединетите Американски Држави. Вистинското име не и го знаеме, но уметничкото е Incognita.

Очигледно е дека соработува интернационално, иако првата песна и е комплетирана од македонски тим. Првата песна се вика HUSH ?  и е навистина мелодична, со интересен и необичен ритам и уште поневообичаен текст што ги слави жените hustler-и.

Интересно е за тамошната рап и трап култура да се има на сцената бела Европејка, со интересен акцент и добар flow, што сепак изведува под псевдоним и под маски.

Има свое мини студио и соработува со студија и артисти од Америка, но не е исклучена можноста да има соработки и со Балкански изведувачи. Периодов следат три нови песни со три различни Амерички артисти и продукции на кои што ќе се работи. Во месеците кога ја посетува Македонија, можеби ќе имаме прилика да го видиме овој маскиран изведувач на сцена што сепак нема да си го открие лицето.

Оваа Македонка цврсто гази, единствено нешто што останува да направиме е да дадеме максимална поддршка.

You May Also Like