„Верси за збогум“ од Иво Мијо Анд­риќ, на македонски

Меѓу бројните автори кои потекнуваат од територијата на Босна и Херцеговина, поз­на­та како тектонска плоча каде што се ис­преп­летуваат бројни култури и цивилизации, зна­чајно место според обемот, но и ква­ли­те­тот на творештвото му припаѓа на Иво Мијо Анд­риќ (1948, Чаниќи, кај Тузла, БиХ).

Тој е еден од нај­­плодните современи хрватски и босанско-хер­цеговски пи­сатели, потписник на пе­де­се­ти­на авторски кни­ги и застапен во уште толку ан­тологии, избори и зборници ширум светот.

Kритиката И. М. Андриќ го означува ка­ко „атипичен книжевник“ со многу хобија и љу­бави. Тој себеси најмногу се препознава ка­ко поет и тоа како „зимски поет“, бидејќи како што самиот иронично вели неа ја пишува нај­мно­гу во зима. Жесток поборник за правата на ра­ботниците, за правото на слободно из­ра­зу­ва­ње и гласноговорник за значењето на пи­са­те­лите и нивната потреба во денешниот свет, пос­ледните години објавува исклучиво ди­ги­тал­ни книги.

Збирката песни Верси за збогум во препев на Славчо Ковилоски, а во издание на Академски печат е со­чи­нета од дваесет и шест песни, сместени во че­­­­тири циклуси: „Денес за утре“, „Се­вре­мен­ски та­жаленки“, „Смисла и реалност“ и „Црти на љу­бовта“. Неговите песни се читливи за сите ге­нерации и јасно го отсликуваат не­го­ви­от све­тоглед: повикување на природата, на внат­решните чувства во односите со нај­блис­ките (но, без патетика), на искрена тага за за­гу­бите, на отворен повик за љубов, на иро­ни­зи­рање на општествено-политичките збиднува­ња, на раните од војната итн.

Ова е прво претставување на Андриќ на македонски јазик.

Симнете ја книгата ТУКА.

 

You May Also Like