Нов стрип албум за Александар Македонски

Издаден е нов стрип албум, продуциран од “Del Rio Films”. Базичниот текст на Ниче Димовски – Македон, кој е адаптиран од страна на Оливер Ромески, цртежот е на Зоран Танев, колорот на Тони Анастасовски, а дизајнот и монтажата е на Александар Николовски.

Изданието го обработува животот на Александар од неговото раѓање до битката на Херонеја кога имал 16 години. Стрипот е на 50 страни колор, а ќе се продава на сите попристојни продажни места низ Македонија. За животот на Александар Велики-Македонски се планира да се направат уште две стрип изданија

Во ова стрип-издание автентично е прикажана содржината на едно време за детството и животот на Александар Македонски. Сите ликови, места (топоними, ороними, хидроними) се вистински, според постоечките записи, а најсликовито се прикажани клучните настани во една поврзана целина.

Ова четиво по својата содржина е повеќе наменско, затоа што извонредно насликаните ликови и настани. Стрипот и овојпат ги докажува своите можности можност за визуелизација на истите, а дијалозите на ликовите ја даваат јачината на насликаното. Со самото тоа, овој стрип-албум е прекрасно четиво за сите возрасти.

You May Also Like