„Енергија“ е насловот на новата нумера на хип-хоп артистот Даз Флоу. Музиката и аранжманот за песната, која доаѓа во пакет со нов видео запис е дело на Михајло Павловски (Iwass), додека пак текстот го напиша Даз Флоу.
Видео спотот го изработи Роберт Мишовски, а во него се појавува и младата девојка во спотет е Мила Ниновска. За фотографиите се погрижи Златко Димитров од „Studio 2.8“.
Ова е прва песна на Дарко Ивановски а.к.а Даз Флоу после неговиот прв албум „Кругот се врти” од 2010 година и синглот „Разбуди се“ кој го направи во соработка со познатиот саксофонист Горан Папаз од „Суперхикс“ во 2011та година.
Со „Енергија“, Даз Флоу го најавува енергичното и активно лето како и уште доста нови проекти и песни на коишто моментно работи и кои јавноста ќе може да си слушне во текот на оваа година.