„Страшен филм 5“ во Синеплекс

Почнувајќи од денеска (четврток, 18 април 2013) љубителите на комедиите ќе можат да го погледнат петото продолжение на „Страшен филм“ во киното Cineplexx.

Филмска пародија со нови комични ситуации инспирирани од познатите хорор филмови. Среќниот брачен пар Ден и Џоди почнуваат да чувствуваат бизарни активности од моментот кога ќе го донесат својот син Ејден од болница. Но, тогаш хаосот се продлабочува и во работата на Џоди, балерина, и во кариерата на Ден, истражувач
на мајмуни.

Тие сфаќаат дека се прогонувани од злобен демон. Заедно, со помошта на
сертифицирани експерти мораат да најдат начин како да се ослободат од него пред да биде многу доцна.

Распоред на проекциите на „Страшен филм 5“
работни денови: 15:00, 17:00, 19:00, 21:00, 23:00
викенд: 13:00, 15:00, 17:00, 19:00, 21:00, 23:00

You May Also Like