На 27 ноември (вторник) во 20:00 часот, ДЛУМ во соработка со Отворено графичко студио, ја отвараат Првата Меѓународна Екс Либрис изложба – Скопје 2012.
![muzej-na-grad-skopje [800x600]](http://arhiva.cooltura.mk/wp-content/uploads/2011/05/muzej-na-grad-skopje-800x600-480x360.jpg)
На оваа графичка изложба ќе учествуваат 36 автори од повеќе земји од светот како и домашни автори со повеќе од 70-тина дела – Екс Либрис графики минијатури. Изложбата ќе биде отворена во галеријата на Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје.
Поставувањето на ваков вид на графичка изложба од меѓународен карактер е од огромно значење за нашата графичка сцена имајќи во предвид дека се работи за реномирани автори – графичари од Индија, Словачка, Египет, Србија, Бугарија и Македонија.