Вечерва, (петок, 23 ноември) со почеток од 19:30 часот во Центарот на култура „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен концерт на КУД „Мирче Ацев“ кој ќе се претстави со повеќе ора, меѓу кои Драчевка, Повардарие, Беранче, Куцано, Буфчанка, сплет од Источна Македонија…
Стотина играорци на КУД „Мирче Ацев“ по 65 пат ќе го пренесат пред публиката богатиот македонски фолклор кој го негуваат со години.
Концертот е годишен и е во рамките на програмата за работа на друштвото за 2012 година.
