Оваа кино недела во Синеплекс пристигнуваат нова акција, крими трилер и анимирана авантура.
Македонската публика ќе има можност да ја погледне новата мисија на легендарните Платеници, на 1 ден пред закажаните проекции во САД.
На репертоарот на Cineplexx ќе се најде и напнатиот полициски трилер „Зулу“ во кој главните улоги ги толкуваат Форест Витакер и Орландо Блум.
За најмладите и секако за љубителите на светот на Оз, пристига продолжението на една од најпопуларните детски авантури, „Враќањето во Оз“, анимиран филм базиран на романот од Роџер С. Баум.