Месецот на мартинката донесе нова среќа, овојпат кај студентка од Битола која што студира во Штип.
Битолчанката Викторија Талевска од продажното место Тутун Пром го купила инстант лозот Твингоманија посакувајќи убаво изненадување. Тоа и се случило. Откако го изгребала лозот, се појавиле среќните три идентични полиња кои и ја обезбедија премијата автомобил Рено Твинго Тренд.
Во моментот кога ги доби клучевите од својот нов автомобил, Викторија ни откри дека е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Посебно ги сака игрите од Инстант лотаријата кои и се покажаа како вистински знак кој ја насочи кон среќата и нејзината добивка.
Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари. Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни 2012. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд.
Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно 40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ. Твингоманија 2 досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се вкупно 14 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, два во Битола, а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Пробиштип, Гостивар, и Куманово. Во игра се уште 25 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки.
Кој гребе, тој добива!
ЗА ДОБРО
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(комерцијален текст)