Промоција на „Небо од капини“ и гостување на авторката Наташа Крамбергер

Во ЕУ Инфо центарот во Скопје утревечер (петок) ќе биде промовирана книгата „Небо во капини“ од словенечката писателка Ната Крамбергер, која ја објави издавачката куќа „Икона“.

kramberger nebo od kapiniЗа оваа книга Крамбергер ја доби Наградата за литература на Европската унија во 2010, кога таа награда му беше доделена и на македонскиот писател Гоце Смилевски за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“.

Авторката на книгата ќе гостува на промоцијата во Скопје. Поводот е Прешерновиот ден, кој Амбасадата на Словенија во Македонија го одбележува традиционално, а промоцијата ќе биде дел и од серијата настани „Културни приказни“ што ги организира ЕУ Инфоцентарот за промоција на европската култура.

Книгата во превод на македонски ќе ја претстави проф. д-р Александар Прокопиев, а ќе се обрати и словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец.

Преводот на „Небо во капини“ од словенечки на македонски јазик е на Драгана Ефтимова и беше реализиран преку програмата на Европската унија „Култура 2007-2013“ и Министерството за култура на Република Македонија.

Со својот прв роман „Небо од капини“ Наташа Крамбергер (1983) победи на фестивалот на млада литература „Уршка 2006“. Романот беше објавен во 2007 во Љубљана, со поднаслов „Роман во приказни“. Досега е преведен на десетина европски јазици. Во 2009 година писателката го основаше еко-арт колективот Зелена централа за промоција на екологијата и уметноста.

You May Also Like