Летниот камп „Ја сакам Македонија“ за македонските деца од соседството

На Летен камп – 2014 „Ја сакам Македонија“ меѓу 100 ученици Македонци од соседните земји, од балканските земји и од дијаспората учествуваат и седум Македончиња од областа Голо Брдо, Албанија. Тие заедно со уште две Македончиња од Тирана се претставници на македонското друштво „Илинден “ и на разгранокот на друштвото за оваа област.

ohrid panorama 2Летен камп – 2014 „Ја сакам Македонија“ се одржува од 10 до 17 август во Охрид под покровителство на Владата на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи. Програмата на кампот опфаќа содржини за подигање на степенот на учесниците за познавањата за Македонија од областа на македонскиот јазик, историјата, географијата, културата, обичаите и традицијата, како и меѓусебното поврзување и соработка..

Престојот на учесниците на Летниот камп Охрид -2014 „Ја сакам Македонија“ ќе биде збогатен со забава и спортски игри, како и со посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот Охрид и Охридското крајбрежие: Самоиловата тврдина, Галеријата на икони, Плаошник, црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум и Музејот на вода.

– За децата ова е навистина настан од исклучително значење. Тие се чувствуваат одлично и со самото доаѓање тука се воодушевени од градот. Веќе ги воспоставија новите познанства со Македончиња од други земји, Ваквите кампови се за поздравување зашто децата иако се Македонци по род, живат во разни држави а вака се дружат и подобро се запознаваат, вели Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинден“.

You May Also Like