Концертна промоција на компилацијата „Некои девојки“

Утре (среда, 25 јуни 2014) во 19.00 часот на платото пред Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се случи концертна промоција на компилацијата „Некои девојки“.

Poster na Filip Bukrshliev
Poster na Filip Bukrshliev

 

На промоцијата ќе настапат дел од артистите застапени на компилацијата – Plava, Green Fuzz, Sleet, G-Rough, Телемама и Galatheia – како и две групи формирани по издавањето на компилацијата – ДВЕ и МаЗНо, аМа Не е. На концертот ќе случи и мала посвета на Royal Albert Hall, првиот „женски“ бенд од Македонија и Балканот. Гостин на вечерта е американскиот фолк кант-автор Brian Smith, кој по втор пат настапува во Скопје.

Зад псевдонимот Plava стои битолчанката Марија Димовска, позната како долгогодишен член на „Паркети“.Ова ќе биде прв настап на Plava и нејзиниот петчлен бенд пред скопската публика и воедно промоција на нејзиниот деби албум „You’re here“ издаден минатата година. За својата музика таа ќе каже „ Во кашата од поп, алт-рок, реге, амбиент, латино и уште се што дошло при рака, со слатка конфузија на интима и детски метаболизам …“. Настапуваат во состав: Марија Димовска (вокал, гитара), Петар Димитровски (клавијатури, вокал), Игор Митревски (тапани, вокал), Виктор Чокаровски (бас) и Бојан Колевски (клавијатури).

Концертот ќе биде шанса и за прва промоциjа пред поширока публика и на „Furor Poeticus“ – деби албумот на Sleet – воедно и прв албум од македонски женски рап артист, издаден на крајот од 20112 година, а продуциран од T-Ghost („Герила“, „Подземан Ефект“). Sleet e единствениот рап артист од Гостивар и единствената девојка во хип-хопот од таму.

Уште едно свежо има на македонската сцена е и триото Green Fuzz. Неодамна го обајвија нивното деби издание „This is an EP“, кое претставува круна на нивното неколку годишно работење. Музиката на Green Fuzz во себе ја носи енергијата карактеристична за панк-сцената од доцните ‘70ти , вклопена во звук кој влече корени од миријада на жанрови од поширокиот рокенрол спектар – сето спакувано во ултра-мелодични две минутни поп форми. Green Fuzz ќе настапат во состав: Јана Коцева (гитара, вокал), Дејан Јефремов (тапани) и Теофил Бошков (бас).

G-rough една од ретките женски MC-a во Скопје. Песната „Витраж“ е нејзино единствено објавено парче музика. Овој концерт ќе биде нејзин втор настап пред публика, по дебитантскиот кој беше пред помалку од еден месец.

Младиот битолски бенд МаЗНо, аМа Не е ќе го забележи својот трет настап – интересен податок доколку се земе предвид дека постојат не повеќе од 3-4 месеци. Во нивната музика се насетуваат влијанија на панк, пост панк и шугејз – или како што самите ја опишуваат својата музика – дилеј дилеј дилеј + уште дилеј. Бендот го сочинуват: Исаја Карадаковска (вокал), Мартин Петковски (гитара), Теодора Шаклевска (бас) и Виктор Јовевски (тапани).

ДВЕ е експериментално/пост-рок дуо формирано со брзина на свелината, како проект на две млади авторки – Бисера Базер (тромбон) и Јоана Ристевска (гитара). Ова ќе биде нивни прв настап воопшто. За себе велат дека се жедни за создавање музички дела инспирирани од потребата за вивнување, поврзување и цврсто приземјување.

Brian Smith доаѓа од Орегон, САД . Скопје по втор пат ќе биде една од станиците на неговата „бескрајна“ турнеја, која го одведе во преку 30 европски земји и на пет турнеи долж западниот брег на САД. Има напишано и снимено преку 450 песни, сместени на триесетина официјални изданија.

Вечерта ќе има чест да ја затвори првата дама на македонската електронска музика Galatheia, која ќе не почести со едночасовен DJ сет.

Концертот е во организација на издавачите на компилацијата – „Ако никој не свири…“ и Младинскиот Културен Центар – Скопје. Влезот е слободен.

Музичката компилација „Некои девојки“ беше промовирана и издадена на 22 март, 2014 година. На оваа компилација се поместени 15 композиции од македонски артистки и групи со проминентни женски членови кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена.

You May Also Like