Започна Седмата македонската книжевна визита, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Бугарија …
Со портретот на Раде Силјан еден од бардовите на македонската современа поезија во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Бугарија, започна Седмата македонската книжевна визита.
Овој меѓународен собир на писатели, критичари, поети, преведувачи и издавачи организиран од Книгоиздавателството „Макавеј“ го поздрави Васко Шутаров директорот на МКИЦ, кој е соорганизатор на манифестацијата.
– Оваа манифестација има благородна мисија на зближување на двете соседни култури и литератури – да си подаваме рака да се разбираме, да се читаме взаемно, да движат и книгите, идеите и добрите намери и луѓе, порача Шутаров.
Во својата пригодна беседа за поезијата на Силјан говореа македонските истакнати поетити и критичари Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски.
Стојчевски подвлече дека она што ја одликува песната на Силјан, ренесансна личност во македонската култура, е што во неа рака под рака одат модерното и традицијата.
– Јано е дека во неговатра поезија не може да стане збор за спонтанитет, туку дека се работи за ефикасна стратегија на информиран, современ и модерен поет, кој знае да испева модерна песна на цврсти, традиционални темели, рече Стојчевски.
Цветкоски пак, ќе подвлече дека Раде Силјан во својата поетска одисеја која трае речиси четири децении, отвара пат на една мотивски разгранета проекција за националните и личните тревоги на опостијбата.
– Иако создаден во пазувите и сртовите на еден мал народ, овој стамено негуван поетски подвиг, со својата целосна поетска персоналност стои високо и на својот народ и на судбината на светот. И затоа можеме со чиста мисла трајно да ја прифатиме и примиме како влог и богатсво во македонската и во севкупната поетска мисла на нашето време, рече Цветкоски.
Бугарската литературна публика во салонот на МКИЦ со интерес го проследи поетското читање на творби на творештвото на Силјан, кој воедно ја искористи приликата да се зблагодари и го презентира изборот од неговата поезија насловен „Зло време“ во превод на бугарски јазик од Владимир Луков, во издание на издавачката куќа „Богиана“.
Вечерта финишираше со поетскит митинг со македонските поети Веле Смилевски, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Виолета Танчева Златева, Славе Ѓорго Димовски, Кочо Топузовски, Трајче Кацаров и Диме Ратајковски.
Во рамки на програмата на манифестацијата, поетската делегација утре ќе положи цвеќе на гробот на Венкои Марковски на Софиските градски гробишта, основоположникот на македонската литература. Во попладневиот дел на Македонската книжевна визита ќе биде врачена наградата „Македонски книжевен Дедал“ што Издаваштвото „Макавеј“ веќе традиционално ја доделува на автори заслужни за продлабочување на врските меѓу македонската и бугарската литература. Годинешен добитник е бугарскиот поет, преведувач и сликар Роман Кисјов.