Концерт „Арие античе“ во Прилеп

Денеска (среда, 30 јули) од 20:00 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп  ќе се одржи концертот “Арие античе”(Arie Antiche), на кој ќе настапат Дамјан Каранфилов – баритон и тенорите Стефан Неданоски и Влатко Груевски, во пијано придружба на Горјана Стојановска, Иван Трајковски и Ана Велиновска.

 

koncert_arie_antiche_prilep

На програмата на концертот „Арие античе“се композиции од епохата на раната италијанска музика.Концертот е во рамките на Прилепското културно лето

Податоци:
Дамјан Каранфилов – баритон.
Средното образование го завршува во ДМБУЦ”Илија Николовски- Луј” отсек соло пеење во класата на проф. м-р Александра Конеска. Образованието го продолжува на Факултетот за музичка уметност кај проф. м-р Билјана Јакимовска. Две последователни сезони 2012 и 2013 настапува со Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев и  Ле ФиФи. Мината година учестува на манифестациите Бит фест и Штипско кутлурно лето. Настапува со симфонискиот оркестар на ФМУ. Годинава учестува на 37 издание на Деновите на македонската музика.

Влатко Груевски – тенор.
Музичкото образование во започнува во средното музичко училиште во  Битола на отсекот соло пеење. Образованието го продолжува на ФМУ во Скопје во класата на примадоната на Македонската опера и балет проф. Славица Петровска- Галиќ. Добитник е на повеќе награди, од кои првата награда на државнито натпревар во Скопје. Има многубројни настапи, а за издвојување е настапот во Македонската опера и балет под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар во прдружба на симфонискиот оркестар на ФМУ и настапот во МОБ под диригентство на Бисера Чадловска во придружба на оркестарот на МОБ. Настапувал во повеќе граови низ Македонија.

Стефан Неданоски – тенор.
Завршил Гимназија “Мирче Ацев” во Прилеп,  образованието го продлжува на ФМУ во Скопје во класата на проф. Горан Нчевски. Се идвојува со својот уникатен лирски глас кој поседува кадифен тембр, блистави високи тонови и извонредно легато.
Двократен добитник е на Гран при наградата на музичкиот фестивал “Гим фест” во Прилеп. Во 2012 година учествувал на Прилепското културно лето каде настапува со солистички концерт. Во 2014 година настапува на концертот “Музика вива”, како и на концертот на проф. Горан Начевски на ФМУ Скопје.

Пијанистите Горјана Стојановска, Иван  Трајковски и  Ана Велиновска, имаат бројни настапи на повеќе музички манифестации и концерти.

You May Also Like