Книга за Штип од Тодор Басотов

Во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип беше промовирана „Трипартит“ – деветта книга на Тодор Басотов, кој по потекло е од Штип.

stip

Новото дело на Басотов е насловено „Трипартит“, а во него е опишан животот во Штип во 50-тите години од минатиот век.

– Книгата ја пишувам за градот Штип и за моите штипјани. Тогаш штипскиот дијалект беше малку подруг, сега младите сакаат да го модернизираат. Го опишувам тоа време кога немале коли, грамофони, точак да имаш тоа беше како да си од богато семејство. Единствена забава ни беше летното кино во Бриони, едно од најубавите кина, вели Басотов.

Тој додава дека во новата книга правил паралела меѓу сегашниот живот во градот и животот во 50-тите години.

Промотор на книгата беше Трајче Кацаров.

Басотов има неколку дела посветени на Штип, но тој е и карикаторист, а неговите дела се наградувани во неколку држави. По професија е градежен инженер, а специјалност му се земјотресите.

You May Also Like