По повод 7 септември, општинскиот празник, во Музејот на Кавадарци се подготвува голема изложба „Кавадарци во минатото“.

Низ 150 фотографии со димензија 30 на 40 на 40 паноа, ќе биде претставен периодот од крајот на 19 век, почетокот на 20 век, периодот меѓу двете светски војни, како и повоената изградба на Кавадарци.
Изложбата ќе биде отворена на 7 септември во 12 часот.