Денеска (петок, 26 септември 2014 година) од 20:00 часот во галеријата од Центарот за култура „,Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Птичја градина“ (bird’s garden) од уметницата Симонида Филипова Китановска.
На изложбата на Симонида Филипова Китановска ќе бидат претставени 30 акварели.
Симонида Ф. Китановска е родена 1965 Скопје,Р. Македонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. 1988 год.во класата на проф.: Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член на ДЛУМ од 1988 год. 1991-1997 живее и работи во Бостон, САД. Има реализирано голем број самостојни и групни изложби и е добитник на повеќе значајни домашни и меѓународни награди и признанија.