Во Куманово вечерва ќе започне вториот по ред музички фестивал “Револушн фестивал” (Revolution Festival) …
Десетина алтернативни, хип-хоп, рок-бендови и диџеи од Македонија и од соседството ќе настапат на тридневниот фестивал, кој наместо на Спомен-костурницата, годинава ќе се одржи во „Касапски круг“ во Куманово. Организатор на фестивалот е „Sound Republic“.
– Фестивалот веќе прераснува во традиција. Се надеваме дека ќе стане препознатлив по понудата на интересни имиња за македонската публика, вели Никола Симоновски, еден од организаторите.
Фестивалот овозможува промоција на бендови од Куманово и од цела Македонија. Годинава на првата фестивалска вечер ќе настапи локалната рап-група „Герила“, тетовскиот реге-даб состав „Conquering Lion“, а за затворањето на првата вечер задолжен е македонскиот диџеј Никифор.
На втората вечер ќе настапи локалниот бенд „SIZ“, а по него српската рап-група „Prti Bee Gee“, а ќе ја затвори истата, диџеј Арго.
Третата вечер е резервирана за младите кумановци „TV Rage“, а по нив е настапот на српскиот музички состав, „ZAA“. Фестивалот го затвора групата Суперхикс.