На 27 септември во срцето на Торонто се одржа хуманитарна акција која долго ќе се памети во македонски кругови. Беше тоа вечер на сите кои ја почитуваат уметноста, уникатните изработки на македонските уметници, занаетчии и писатели.
Организирана од Play Dance &Laugh и Macedonian Children’s Relief Fund, а со единствена цел да се помогне на домот за доенчиња во Битола, единствениот во Македонија за згрижување на деца до 3 годишна возраст. Младиот организаторки тим привлече млад свет, кој покрај искажаната хуманост,уживаше во заедничкото другарување, како и во музиката што во живо ја презентираа џез бендот Groove Monks предводен од македонецот Ден Клас, како и на дуото Соња и Оливер.
Преку тивка аукција беше собрана значителна сума на средства кои директно ќе одат во фондот во домот за доенчиња во Битола. Надица, Даниела, Крис, Џенифер, Елизабет се само дел од имињата кои стојат зад овој многу успешен проект и една од најзначајните хуманитарни акции досега организирана во Канада.
Еве ги и имињата на уметниците кои срдечно ги даруваа своите уметнички дела: Анжелика Колева,Даниела Наумова, Марија Милошевска Милка Сердаревиќ, Елена Поповска,Аница Буквиќ,Александра Стефановска, Невенка, Лена Цветановска, Светлана Ивановска, Иво и Ана Наумовски,Лиме Зрановски,Сузана Прендик, Ирена Белчовска, Вера Симовска, Зоран Шеќеров и Марија Стојановска.