Средба на министерот Адеми со австриската амбасадорка Коблер

Министерот за култура Асаф Адеми вчера оствари работна средба со амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

На средбата станувало збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности преку кои ќе се унапредува културната размена на проекти и уметници меѓу двете земји.

Двајцата соговорници, како што соопштуваат, се согласија дека соработка постои во сите дејности од културата. Австриски уметници редовно се покануваат на меѓународните културни манифестации кои се одржуваат во Република Македонија, како Струшките вечери на поезијата, Охридско лето, Мајски оперски вечери и др., а постои и континуитет во претставувањето на македонските уметници во Австрија.

Се зборувало и за реализацијата на традиционалниот Виенски бал во Скопје, кој ќе се одржи по 19-пат.

  • На средбата, на која присуствуваше и Оливер Арсовски од организацијата на оваа манифестација, беше оценето дека Виенскиот бал во Скопје е манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од земјава и музиката на легендарната династија Штраус, речиси две децении прават оригинален спој на културите на двете држави, се вели во соопштението од Министрество за култура.

You May Also Like